![Logo](/_next/image?url=%2Fimages%2FtriumphLogo.png&w=1080&q=75)
Следната Тигер генерација пристигна. Најсовремените авантуристички мотори со возбудливи карактеристични трицилиндрични мотори, пионерска прогресивна технологија и опрема, ергономија на возачот за врвна контрола и флексибилно неутрално управување. Секој Tiger мотор е изграден со максимални способности да ве однесе насекаде со стил, удобност и контрола. Triumph Tiger е врвна авантуристичка серија на авантуристички мотори кои ви овозможуваат да го тестирате секој момент.
Искусете го светот на авантурите, со мотори кои се спремни за долги патувања
Без разлика на дистанцата, без разлика на големината на предизвикот, Tiger серијата е спремна за било какви препреки кои стојат до вашата цел.
Секој моторцикл во 'Tigеr' фамилијата е роден со вистински дух за авантура. 'Triumph Tiger' моторциклот живее во нашата крв од моментот кога првиот 'Triumph Tiger' моторцикл освои три златни медали на '1936 International Six Days Trial' во 1936 година, и со тоа започна првото поглавје од најдолготрајниот авантуристички моторцикл.
Познато по нивното агилно управување, командна позиција на возење, карактеристична силуета и опрема со високи спецификации, секој 'Tiger' моторцикл нуди највисоко ниво на стил, удобност и контрола.
Што би одбрале вие ?
Врвни, патничко-авантуристички мотори, спремни и за интерконтинентални патувања.
Со уште поголем off-road карактер и способности, најдобрата all-terrain авантуристичка серија.
Tiger Sport 660, со ефикасен три-цилиндричен мотор, врвни перформанси, комфорт а сепак агилен и со најниски трошоци за одржување во класата. Сето ова од €9,590.00.
Дизајниран за авантури по асфалт и комфорт, Tiger 900 GT серијата е фокусирана на возачот и нуди многу опрема и технологија на располагање.