![Logo](/_next/image?url=%2Fimages%2FtriumphLogo.png&w=1080&q=75)
"Speed 400" и "Scrambler 400 X", два сосема нови моторцикли доаѓаат во иконската палета на модерни класици на Triumph. Со карактерот и одзивот на новиот мотор од 400 кубици, прифатлива ергономија и високи спецификации, овие нови машини нудат врвни перформанси и самоуверено, агилно ракување.
Граден по скици од неговите предци, Speed 400 во својата ДНК го поседува уникатниот 'roadster' дизајн на Triumph.
Со агилно управување, водечки перформанси во класата и луксузна завршница, Scrambler 400 X е „кул“ и способен за секаков предизвик.
"Modern Classic 900 cc" серијата на Triumph обезбедува возбудливи перформанси и управување што инспирира самодоверба.
Возбудливи перформанси и управување што инспирира самодоверба, сега со уште поголема удобност и стил.
Детали
Еден од најприфатените мотори на Triumph, кој благодарејки на преубавиот стајлинг и 'off-road' карактер, си доби висока репутација без никаков преседан.
Детали
T100 е модерен класик. Доаѓа како наследик на Bonneville '59 со сега веќе перфектни финиши и детали.
Детали
Уникатни двоцилиндрични, линиски мотоцикли со мотор од 1200 кубика од Triumph имаат свој уникатен, автентичен карактер и стил.
Крајот на една ера - последната продукциска серија на иконата во Triumph серијата. Откријте повеќе за ексклузивното Thruxton Final Edition.