Аdventure серија со најдолготрајна историја досега - Triumph Tiger
Почетоците на авантуристичките мотори датираат уште од 1930 година со појавата на првите off-road мотори за тркање, а во 1979 година земаат уште поголем замав благодарение на уникатниот Tiger 100 мотор на Тед Симон кој е еден од главните улоги во бест-селерот „Jupiter's Travels“ на исто имениот автор. Од тогаш па се до денешно време поимот Tiger е синоним за врвен авантуристички мотор.
1. Мотор
Подржан од 888cc Т-Plane, трицилиндричен мотор на Triumph, Tiger 900 серијата нуди 13% повеќе сила од својот претходник. Со максимална испорака од 108 коњски сили, Tiger 900 серијата нуди одлична моќност и вртежен момент со препознатлив Triumph звук. Овие карактеристики се преточени во екстремно агилен мотор кој е лесен за возење при секаква брзина.
2. Рамка
Со цел Tiger 900 серијата да ги покори сите тешки предизвици и рели стази, рамката е дизајнирана за да понуди идеална комбинација на цврстина и флексибилност и притоа да инспирира самодоверба кај возачот. За уште подобар комодитет и управување Tiger 900 серијата е опремена со Marzocchi суспензија кај Tiger 900 GT & GT PRO моделите односно Showa суспензија кај Rally PRO моделот. За делот околу запирање на моторот се грижи Brembo системот за сопирање.
3. Технологија
Tiger 900 серијата поседува одлична технологија, можеби најдобрата во класата на авантуристички мотоцикли од средна зафатнина на моторот. Освен стандарната опрема како ABS во свиоци и системот за против пролизгување, тука е и (IMU) - Inertial Measurement Unit системот кој го надгледува аголот на нагиб на моторот, притисокот во сопирачките и пролизгувањето на тркалата со цел да обезбеди максимален грип и перформанси на било која подлога. На располагање се и неколку модови на работа како - Rain, Road, Sport и Off-Road. Кај PRO моделите на располагање е дополнителен мод, Rider Customizable мод кој овозможува прилагодување на начинот на возење според вашите лични преференци.
4. Дизајн
Моќниот Tiger 900 доаѓа со уште помоќен карактер и стил. Tiger 900 серијата се карактеризира со остар и модерен изглед со одлични линии по должината на целата негова силуета. На сето ова се надополнуваат и неколкуте различни завршници и графики кои гарантираат дека сигурно ќе го пронајдете вашиот омилен Tiger.