tiger sport 660

Детали

Дефиницијата за разноликост е да се биде најдобар во се.

Време е да се разбудите од досадните соништа со Tiger Sport 660. Ова е најпристапниот мотор од Tiger фамилијата на Triumph и е спремен за секојдневни авантури.Tiger Sport 660 е дизајниран да ги надмине вашите очекувања, од авантуристички тури па се до дневни обврски. Кај нас во Triumph се е во знак на возење, а еве и зошто:

  1. 1. Екстра лесно управлив мотор - Tiger Sport 660

    Поддржан од препознатливите перформанси на 660 кубниот три-цилиндарски мотор, Tiger Sport 660 е досега најлесната и најприлагодливата Tiger серија досега. Шест брзинскот менувач е оптимизиран за забава и агилност додека „Slip & Assist“ квачилото е тука за да му асистира на возачот при безбројните промени на степенот на пренос со што возачот ќе се чувствува релаксиран и ќе му овозможи по-комфортна авантура од било кога. Три-цилиндарскиот мотор се карактеризира со одличен обртен момент од ниски до највисоки обртаи на моторот. Испорачува 64Nm @ 6,250rpm обртен момент и 81PS @ 10,250rpm максимална јачина на моторот. Со овие перформанси три-цилиндарскиот мотор на Triumph лесно се справува со конкуретните дво-цилиндрични мотори. Истион е многу линеарен, спортски и забавно настроен но сепак со доза на возбуда и авантура во истиот.

    Екстра лесно управлив мотор - Tiger Sport 660
  2. 2. Перфектна Хармонија Помеѓу Моторциклот и Возачот

    При изработка на Tiger Sport 660 серијата како и кај секој Triumph мотор, хармонијата помеѓу возачот и моторот и многу важен фактор. Tiger Sport 660 серијата е изработена во комбинација од перформанси и возбуда. Tiger Sport 660 серијата е изработена и со новите и неискусни возачи на ум. Серијата мотори може да биде оптимизирана за А2 возачка лиценца. Без разлика дали сте во потрага по башиот прв мотор или барате решение за вашите секојдневни авантури , Tiger Sport 660 е расположен за секое ваше патување.

  3. 3. Инспирира Самодоверба

    Самодовербата е клучен фактор за уживање во вашите авантури. Затоа Tiger Sport 660 серијата настојува да внесе колку е можно повеќе самодоверба во возачот. Исправената положба при возењето и версатилниот мотор парирани со технологија која е наменета за да помага на возачот и одличните сопирачки се тука за да ви овозможат безгрижни и опуштени патувања. За уште повеќе леснотија и безгржност при возење тука е и тенката силуета и ниското седиште (835мм) кои ќе овозможат лесен контакт на возачот и подлогата за возење при моменти на стоење.

    Инспирира Самодоверба
  4. 4. Направен за Вас

    Мотото на Tiger Sport 660 серијата е дека сите возачи се различни. Затоа оваа серија моторцикли доаѓа со три различни бои и графици и повеќе од 40 оригинални Triumph аксесоари. Од вграден багаж па се до централни куфери кои држат и до две кациги, ќе бидете инспирирани да го конфигурирата вашиот Tiger Sport 660 по ваш вкус.

  5. 5. Секој ден, Цел Ден

    Извонредното ниво на комфорт и комоција кое го нуди Tiger Sport 660 ќе ве натера уште повеќе да го засакате патувањето наместо дестинацијата. Showa суспензијата (41мм напред и „Monoshock hydraulic“ назад), „Slip & Assist“ квцачилото, „Road & Rain“ модулите на работа како и Τriumph ABS системот ќе ви овозможат да уживате во вашите авантури без никаков замор и дис-сатисфакција.

  6. 6. Максимална искористливост

    17 литаркиот резервоар на Tiger Sport 660 серијата обезбедува подлоги авантури со помалку застанување на бензските станици. Без разлика дали сте на вашите секојдневни патувања до работа, авантура со вашите пријатели или маневрирање низ тесните градски површини возењето нема никогаш да биде досадно. Лесната рамка и спорткиот карактер на овој мотор ќе ве придружуваат каде и да одите. Tiger Sport 660 серијата е спремна за било каков предизвик.

    Максимална искористливост
  7. 7. Прекрасна Зделка

    Tiger Sport 660 е изработен со врвна опрема, врвни сопирачки, пневматици и суспензија и најважното - три-цилиндарски високо перформантен мотор. Цел овој пакет доаѓа со невиден стил и компетативна цена, па затоа Tiger Sport 660 серијата е одличен избор ако сте во потрага по перфектен, спортско-авантуристички мотор од средна-зафатнина на мотор а притоа и одличен избор доколку влегувате во Triumph фамилијата.

  8. 8. Уникатен Стил

    Новата генерација на Tiger Sport мотори во секој поглед ги нуди сите бенефити на Triumph фамилијата. Од препознатливиот три-цилиндричен мотор до легендарниот Triumph карактер и стил, Tiger Sport 660 серијата е горд носител на Triumph логото. Со својата авантуристичка, исправена става, разни бои и графици како и многуте аксесоари Tiger Sport 660 серијата ќе го измами секој поглед и бргу ќе стане центар на внимание. Tiger Sport 660 серијата и перфектна спортско-авантуристичка серија со мотор од средна зафатнина.

Tiger Sport 660

Првиот Triumph мотор за многу корисници, со три-цилиндарски мотор, неверојатен комфорт, перформанси, искористливост и агилност,и тоа со најниски трошоци за одржување во класата.

Tiger Sport 660