bonneville bobber

Детали

Bobber серијата е дизајнирана за уживање

Bonneville Bobber серијата е апсолутно најдобрата серија доколку сакате да модерна технологија и перформанси со оној историски автентичен Хот-Род стил. Дизајнерите во Triumph се потрудија и ги искомбинираа најдобрите страни на претходниците како Bobber и Bobber Black со цел да создадат врвно возачко искуство како и изглед кој го одзема здивот.

  1. 1. Дизајниран за да се разликува од другите

    Невозможно е да не го приметите присуството на Bobber околу вас и да не се заљубите во неговиот карактер и шарм. Секој милиментар е рефиниран и изаработен со беспрекорен финиш а агресивниот карактер и елеганција на Bobber серијата ќе ве наполни со гордост и самодоверба. Оригиналниот Bobber сега еволуираше, чуваки ги своите класични линии, луксузност но сега со уште повеќе мускулест лик и стил. За уште поголемо чувство на самодоверба тука се и мускулестиот преден дел на моторот, големата вилушка и големите пневматици како и задната суспензија која нуди едно ново ниво на комоција. Со оваа убавина и елеганција лесно е да с види зошто Bonneville Bobber серијата е најпродаваната серија на Triumph.

    Дизајниран за да се разликува од другите
  2. 2. Одлични Перформанси

    Возењето мотор се базира на чувства - чувства кои доаѓаат од моторот кој го возите. Новата Bobber серија ги унапредува претходните перформанси додава уште помускулест изглед и нуди врвна суспензија и сопирачки и технологија. Срцето на Bobber серијата е новиот Bonneville мотор од 1200 кубни сантиметри, кој испорачува 78 максимални коњски сили со префинет и препознатлив дво-цилиндричен звук.

  3. 3. Опремен со Модерна Технологија

    Неспоредливата силуета и стил на Bobber серијата е парирана со модерни перформанси и модерна технологија која одлично се вклопува во класичните линии на Bobber серијата. Од сокриената задна суспензија па се до Brembo сопирачките и Showa вилушката, Bobber серијата ги носи сите најнови и најтехнолошки напредни елементи на себе. Без разлика дали патувате некаде или се возите низ град овие технолошки уреди се тука да ви асистираат кога ви е најпотребно. Со модовите за дожд и пат (Road & Rain), систем за пролизгување, лесно квачило, ABS и темпомат ваше е само да уживате во вашето патување.

    Опремен со Модерна Технологија
  4. 4. Персонализиција

    Дизајниран со големо внимание на детали, Bonneville Bobber серијата е перфектно платно на кое можете да додадете ваш карактер и стил. Со палета од 77 дополнителни аксесоари, од мали детали и дизајнерски парчиња, до аксесоари кои ќе изнудат повеќе комоција и аксесоари кои ќе ви овозможат повеќе место за складирање, Triumph е тука да ви понуди нешто што ќе го направи вашиот Bobber поразличен од другите.

Bonneville Bobber

Мускулест изглед со одлични перформанси и управување - Bonneville Bobber. Цена од: 16790.00Є

Bonneville Bobber
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА