![Logo](/_next/image?url=%2Fimages%2FtriumphLogo.png&w=1080&q=75)
Дознајте уште повеќе детали за овој британски laid-back мотор. Горд носител со автентичната британска Bonneville ДНК, со огромен комодитет овој крузер е создаден со комбинирање на автентичниот британски Bonneville стил и врвни перформанси, управување и контрола.
Дизајниран да биде наследник на легендарната линија на Triumph крузери од 1960 година, Speedmaster серијата ја носи легендарната Bonneville ДНК, со лежерен крузерски карактер и модерни способности како и елегантни финиши. Со класичниот британски стил, опуштената позиција на воланот и 16 инчните жични тркала, Speedmaster серијата нуди крузерска позиција која ги изнудува сите погледи и ве дели од другите. Ситните детали како излиениот 12 литарски резервоар, кукиштата за инџекторите изработени да изгледаат како дупли-карбуратори со цел да се добие оној автентичен Bonneville карактер, класичниот добош изглед на задното тркало како и минималното користење на пластика доведува да помислите дека овој Speedmaster доаѓа од минатото а сепак ќе ве изненади кога ќе дознаете дека е потполно нов. На сите овие ситни детали ги додаваме и хромираниот издувен систем како и традиционалниот метален држач за акумулаторот, традиционалните светла и седиштето кое овозможува да го одстраните сопатничкиот дел додатно придонесуваат да се добие оној Bobber изглед.
Bonneville Speedmaster серијата е подкрепена од добро познатиот 1200cc мотор на Triumph, кој претрпе некои промени за да стане полесен и EURO 5 компитабилен. Се карактеризира со мекост и линеарни перформанси, одличен обртен момент при мали брзини (106Nm @ 4,000rpm), и максимална јачина од 78 коњски сили. Некои клучни делови од моторот претрпеа промени со цел да се намали вкупната тежина и добие повеќе респонзивност и острина.
Speedmaster серијата има уникатен, богат, длабок звук кој се издвојува од другите и ќе ве натера да се вљубите во него. Истиот се произведува во иновативниот дизајн на издувниот систем поделен на двете страни од моторот со што се финализира оној карактеристичен Bobber стил и изглед.
Speedmaster серијата е позаната по својата комфортна и релаксирана возачка позиција која може уште повеќе да се подобри со „Comfort“ седиштата кои нуди дополнителна потпора и комфорт. Управувањето на Speedmaster беше дополнително унапредено во 2021 година со подобрување на суспензијата (Showa 47mm напред), сопирачките (Brembo & Nissin) и намалување на вкупната тежина за 4 килограми. Со својот тенок струк, високи перформанси, сопирачки, пневматици и специјално дизајнираната рамка која дозволува минимална висина на седиштето од 705мм, Speedmaster серијата е лесна за возење и преубава на изглед.
Speedmaster серијата е многу повеќе од само класичен изглед односно на себе ја носи најновата технологија во индустријата со цел да се подобри сигурноста, контролата и уживањето. Со цел да се подобри сигурноста оваа серија нуди два мода на работа - за дожд и за пат кои го променуваат мапирањето на моторот, го контролираат системот за пролизгување и апликацијата на гас, а за да се овозможи и максимален комфорт тука е и темпоматот кој ќе ја одмори вашата десна дланка. Серијата е опремена со целосна LED расвета и дневни LED светла кои насебе го носат Triumph амблемот. Поновите модели на себе носат и луксузна Triumph рамка која го опколува мултифункционалниот дисплеј чии менија се пристапуваа со допир на копчиња на рачките со што лесно можете да ги промените поставките како и јасно да ги следите сите важни информации.
Со повеќе од 79 оригинални Triupmh аксесоари на располагање, Bonneville Speedmaster серијата е спремна за персонализирање. Понудата се состои од аксесоари кои ќе го подобрат комфортот, багаж, греачи на рачки, седишта и разни ситни детали кои ќе додадат уште малку стил и персонален допир на вашиот мотор. Кога е во прашање сигурноста од најлошото Triumph ви обезбедува и разни сигурносни уреди кои ќе ве остават спокојни секогаш.
Класичен „custom“ карактер, комфортна крузерска возачка позиција и високи спецификации.