bonneville t100

Детали

Сега полесен, со подобри сопирачки и суспензија, повеќе сила и стил - Т100 серијата е перфектен водач кон Bonneville фамилијата. Наменет за искусни и нови возачи, живиот но сепак смирен 900cc мотор испорачува возбуда и препознатлив дво-цилиндарски тон. Модерен со управување кое ви изнудува повеќе самодоверба и со висина на едиште од 790мм, Т100 серијата е спремна да ве однесе било каде ќе посакате и тоа со одлично ниво на комфорт. На располагање ви стојат и дополнителни оригинални Triumph аксесоари.

  1. 1. Bonneville 900cc мотор

    Популарната Triumph икона, дво-цилиндарскиот Bonneville мотор одлично еволуираше низ години. Сега веќе полесен, со понежно квачило, со нова радалица и со максимална сила од 65PS @ 7,400rpm. Најновата генерација „Ride-By-Wire“ технологија за гас и напредниот систем за вбризгување на гориво го направија овој мотор многу по респонзивен при апликација на гас. Со сервисен интервал од 16 000км и изграден по EURO 5 овој мотор е ефикасен и лесен за одржување.

  2. 2. Одлична контрола врз Моторот

    Неутралната возачка позиција, агилност, одлично распоредената тежина и со минимална висина на седиштето од 790мм, Т100 серијата е доста лесна за возење, без разлика дали возите на тесни градски средини или отворени патишта. Одличната суспензија нуди извонредно чувство на управување без разлика дали сте сами, со совозач или пак носите багаж. За да се чувствувате уште посигурно тука се Brembo сопирачките и Michelin Road Classic пневматиците создадени специјално за Bonneville сериите.

    Одлична контрола врз Моторот
  3. 3. Достапно и за А2 возачка лиценца

    А2 сетот за деградирање на моторот во А2 категорија е тука за да ги охрабри новите возачи да го изберат Bonneville T100. Истиот сет ги деградира перформансите на моторот и може да биде вграден и одстранет за неколку минути во најблискиот Triumph центар.

  4. 4. Практичност

    Широката палета на стандардна опрема носи со себе високо ниво на практичност. Лежерната возачка позиција и комфортното седиште на Т100 серијата ќе ве натера да возите подалеку од било кога. Лесното квачило бара помалку напор од страна на возачот со цел да се намали нивото на изтоштеност. За подобрување на сигурноста во клучот е вграден и имобилизатор. USB портата која се наоѓа под седиштето е тука за моментите кога ќе ви затреба но и за дополнителните аксесоари како уреди за навигација и сл. Дополнителни аксесоари се на располагање и се дизајнирани да се вклопат во линиите на Bonneville T100 серијата.

  5. 5. Луксузни Финиши и Стил

    Класичната категорија на мотори на Triumph се карактеризира високо внимание на детали и неверојатно убави финиши. Т100 серијата го носи оној историски стил и дух на Bonneville кој датира од 1595 година. Рефинираните ситни детали се дизајнирани да додадат уште малку стил и да го подобрат изгледот на моторот. Иако ова е класична линија на мотори тоа не значи дека истите не поседуваат модерна технологија. Напротив Т100 серијата на себе носи потполно нова инструмента табла искомбинирана од класични аналогни инструменти и мултифункционален дисплеј кој ве информира за се што ви е потребно. Достапен во повеќе нијанси ( Jet Black, Carnival Red и Lucerne Blue ) и спремен за авантура.

Bonneville T100

Со препознатливите линии на легендарната Triumph classics фамилија, Т100 серијата нуди препознатлив стил, одлично управување и одлични перформанси.

Bonneville T100
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА