scrambler 1200

Аксесоари

На располагање ви е селекција од преку 60 оригинални Triupmh аксесоари за оваа серија на мотори. Аксесоарите кои ќе ги додадете може да бидат додадени на вашиот мотор во фабриката. Aксесоарите се дизајнирани од истиот тим кој го креираше Scrambler 1200 и доаѓаат со две-годишна гаранција.

Ниско Седиште

Нискоте седиште го намалува растојанието помеѓу седиштето и земјиното тло за 25мм што му овозможува на возачот полесно да допре до земјиното тло при моменти на сопирање а со тоа го подобрува комфортот и квалитетот на патувањето. Со истиот дизајн како и нормалното седиште, можете да изберете во две варијанти - црна и кафеава.

Scrabmler 1200 On The RoadScrabmler 1200 PaintJob

Багаж

Перфектен избор доколку планирате авантура. Идеологијата за патување на Scrambler може дополнително да се оптимизира со специјалниот Givi багаж кој нуди: разни торби, торба за резервоар, торба за заден дел - сите целосно изработени специјално за Scrambler 1200 серијата и заедно комбинираат капацитет од 72 литри.Достапен е и рам за монтирање на багаж на задниот дел од моторот и нуди цврста база на која може дополнително да монтирате торби за багаж како водоотпорната витканта торба со капацитет од 30 литри. За повеќе комоција при долгите патувања тука е и високот ветробранско стакло кое ќе ве штите од ветрот.

  • Givi Багаж
  • Куфер - 25л
  • Торба за Резервоар - 12л
  • Торба за заден дел - 35л
  • Roll торба - 30л
  • Ветробранско Стакло

All Road Карактер

Иако целокупниот стандарден пакет на Scrambler серијата има доста off-road карактер, сепак на располагање ви се и дополнителни аксесоари кои ќе го подобрат стилот но и нивото на заштита од елементите. Дизајнирани од Triumph и подкрепнати со две-годишна гаранција овие компоненти ќе го однесат SCrambler 1200 на едно повисоко ниво на off-road спремност. Висок преден браник додава вистински off-road карактер како и уште еден степен повеќе заштита од кал. Достапен во алуминиумски финиш или во финишот на вашиот мотор. Алуминиумски браник за радијатор исклучително добро се вклопува во пакет со овој преден браник. CNC изработената ногарка дава одличен детал кон дизајнот на моторот но и одлична функционалност. Заштитниот не-раѓосувачки рам околу моторот служи за заштита на истиот при несакани падови. За вашата тракција се грижат Michelin Anakee Wild® пневматици инспирирани од пневматиците кои се користат на релиот Дакар.

  • Висок Преден Браник
  • Алуминиумски Браник за Радијатор
  • Мрежа за заштита на светло
  • Рачка за Управување (Волан)
  • Алуминиумски Грипови
  • Заштита за мотор - Не-раѓосувачки Челик
  • Странична Ногарка
  • Rear Flash Relocation Сет
Scrambler 1200Scrambler 1200 Accessory Radiator Protection

Ултра Модерно Поврзување

Како и секој модерен Triumph класик, така и Scrambler 1200 ја носи најновата технологија. Иако листата на технолошки уреди на Scrambler 1200 е долга сепак има место за уште повеќе унапредување. triumph Bluetooth Conectivity системот се состои од Bluetooth конекција, „Turn-By-Turn“ навигација, слушање музика и ракување со вашиот телефон. Комуникацијата помеѓу возачот и сопатникот е овозможена од Sena 50S Bluetooth Headset-от. Истиот нуди аудио-команди, мулти канално поврзување, тимско поврзување, примање повици, повикување пријатели и слушање музика преку Harman/Kardon аудио системот. Системот е оптимизиран за користење со секој Triumph мотор и се ракува лесно преку контролите на рачките на воланот.

  • Bluetooth Conectivity
  • Triumph Sena 50S Bluetooth Headset

Сигурност - Безбедност

Оваа палета на производи се состои од аксесоари кои помагаат при заштита на вашиот мотор од кражби. За употреба во домашни услови доволен ви е тешкиот анкор кој се прицврстува во земјата и ланците и катанец, додека за оние кои нивните мотори ги чуваат надвор тука се и прекривките кои се специјализирани за употреба во секакви временски услови. Triumph Protect+ алармот вклучува сензори за вибрации и нагиб кои активираат сирена при нагли промени. Доколку се случи најлошото, Track+ Tracker системот користи GPS сигнали за да ја открие моменталната локација на вашиот Scrambler. Системот автоматски ќе пушти информации до вашиот телефон доколку некој го вознемирува.

  • Анкер за прицврстување во земјата
  • Ланец и катанец
  • Прекривки за сите временски услови
  • Катанци за дискови - U lock
  • Triumph Protect+ Аларм
  • Triumph Track+ Tracking System
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА