scrambler 400 x

Детали

Најновиот член на класичната Scramlber серија на Triumph е токму Scrambler 400 X, со мисија да го однесе Triumph духот кај новите генерации. Со безвременската Scrambler силуета, Scramler 400 X серијата ја нуди оној безгрешен Triumph стил со премиум финиши и лидерски спецификации во класата. Моно-цилиндричниот мотор произведува класичен Triumph карактер и перформанси. Импозантната возачка позиција со широк волан комбинирано со специфичната Scrambler рамка произведува комфорт на патиштата и надвор од нив. Врвна суспензија (150мм) и сопирачки се тука за да ве охрабрат и да ви изнудат ушта малку повеќе самодоверба знаејки дека ве чуваат во секој момент.

  1. 1. Потполно Нов Мотор

    Потполно новиот (398cc) моно цилиндричен моторт комбинира класичен Triumph изглед и модерна тахнологија и испорачува 40hp максимална јачина и 37.5Nm макссимален обртен момент. Техничките детали набројуваат - 4 вентили, 2EEK глава и радалица која е перфектно балансирана за да се оптимизира балансот на моторот при возење на ниски брзини. Париран со 6 брзински менувач кој нуди брзи и прецизни промени на степенот ја дава перфектната комбинација која заедно испорачува карактер и одлични перформанси.

    Потполно Нов Мотор
  2. 2. Забава за Сите

    Лесен и со тенка половина, Scrambler 400 X е извонредно агилен и силен. Седиштето од 835мм висина и тенкиот струк на моторот обезбедува командантна возачка позиција која го намалува растојанието помеѓу земјиното тло и половината на возачот. Со тежина од 178 килограми, Scrambler 400 X е дизајниран за чесно маневрирање било каде. Нежниот мотор, лесната рамка и одличните суспензија и сопирачки доведуваат до агилен и версатилен мотор кој инспирира самодоверба за сите возачи.

    Забава за Сите
  3. 3. Карактеристики

    Scrambler 400 X серијата е опремена со лесни алуминиумски тркала, 17 инчи назад и поголемо 19 инчно тркало напред парирани со пневматици од најпознатите брендови. Широкиот волан и исправената става на моторот оддаваат перфектно чувство на контрола при седечка но и при стоечка позиција. Рамни Scrambler педала за нозе со гуми кои лесно се одстрануваат даваат екстра сигурно дека нема да се лизнете од моторот.

    Карактеристики
  4. 4. Модерна Технологија

    Scrambler 400 X серијата е парирана со технологија наменета да го подобри вашето искуство. Ова вклучува квачило кое ви асистира и ве одмара при многуте промени на степенот на пренос. Квачилото е дизајнирано да ги избегнува оние моменти на подскокну вање на задното тркало при нагло спуптање на степенот на пренос што додава уште повеќе самодоверба и сугурност. Scrambler 400 X серијата е парирано со целосно LED осветлување кое гордо го носи Triumph логото и со дневни LED светла и тенки трепкачи. Беспрекорна инструментна табла поделена во два дела го краси воланот на Scrambler 400 X и без никакви маки ги прикажува сите потребни информации до возачот. На располагање е и USB-C порта за напојување за телефони и навигациски уреди како и за дополнителни аксесоари како греачи на рачките.

    Модерна Технологија

Scrambler 400 X

Уникатен Модерен Класик кој го поседува уникатниот 'roadster' дизајн на Triumph во својата ДНК. Пристигнува во Јануари 2024. Цени од: €5,690.00

Scrambler 400 x
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА