speed twin 1200

Детали

Репер за перформанси. Еволуција од секакви размери

Наградуваната Triumph Speed Twin серија на мотори претрпе неколку значајни редизајни со цел уште повеќе да ја затемели својата позиција во класата. Отсега со подобар мотор, суспензија и сопирачки и лесни тркала.

  1. 1. Надграден 1200cc Мотор

    Големи надградби на моторот придонесоа за повеќе сила и моќност на истиот со зголемување на максималната сила за 3 коњски сили за да се постигне симболичната бројка од 100 коњски сили. Надоградбите донесоа и повеќе коќност кога е во прашање обртниот момент сега зголемен за 30%. Исто така вкупната тежина е намалена а високата компресија во цилиндрите обезбеди поголема респонзивност. И покрај зголемувањето на максималната јачина сепак овој мотор се грижи и за околината и е EURO 5 компитабилен.

    Надграден 1200cc Мотор
  2. 2. Одлично Управување

    Многуте награди и признанија и големите фан бази на оваа серија се темели токму на лесното, интуитивно и спортско управување на моторите. Дизајнерите на оваа серија имаа само една цел - да дизајнираат мотор за потполно уживање и да го пренесат тој дизајн во еден спортки модерно/класичен мотор. Со предна суспензија од Marzocchi (43mm), Speed Twin 1200 има извонредно комфортно возење и агилност. За да се скроти огромната сила на Speed Twin серијата тука се и Brembo M50 сопирачките со двојни 320 милиметарски дискови напред. Лесните алуминиумски тркала го дополнуваат дизајнот на Soeed Twin серијата. Подкрепени со Metzeler Racetec RR пневматици истите се спремни за било како предизвик.

    Одлично Управување
  3. 3. Изглед

    Започнувајки од лесните 12 кракни алуминиумски тркала па се до системот на бои и графици, Speed Тwin серијата е обвиткана со стил и ситни детали. Носејки ја со себе безвременската Triumph ДНК и модерниот „naked-custom“ стил, Speed Twin серијата ги привлекува сите погледи. Ситните детали како и металните држачи за светло и браници, алуминиумските браници, излиениот 14.5 литарски резервоат само го комплетираат стилот и линијата на Speed Twin серијата.

    Изглед
  4. 4. Модерни Способности

    Напредната сигурносна технологија е дискретно сместена насекаде низ Speed Twin серијата. На располагање ви се три возачки мода - Дожд, Патнички и Спорт кои го променуваат мапирањето на моторот и работата на системот за пролизгување и ABS. Истите можат да бидат променети со само еден клик на рачките. Лесните за читање инструменти нудат голем број на информации како количина на гориво, степен на пренос,, мод на работа, сервисен индикатор исто така лесни на дофат со ролер за контролирање. Поставен е и систем за имобилизација како и USB порта за вашиот телефон.

  5. 5. Достапност

    Возбудлив за искусните возачи и сигурен за новите возачи. Speed Twin серијата е одлично избалансирана и лесна за возење. Со нејзината тенка силуета и висина на седиштето од 809 милиметри, комфортна позиција на педалите за стапала и волан, Speed Twin серијата нуди релаксирана, исправена возачка позиција која буди самодоверба и удобност.

Speed Twin 1200

Новите стандарди во класата на модерни „roadster“ класици - оригиналниот перформантен амблем евелоуираше во уште помеќен мотор.

Speed Twin 1200
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА