speed twin 900

Детали

Модерен, забавен и достапен - овие се само три од многуте причини зошто да ја одберете SPeed Twin 900 серијата. Опремен со најновата генерација на Bonneville 900cc мотори, голема испорака на обртен момент со уникатен карактер, звук и минималистички стил дава чувство на безгрижно патување и авантура со леснотија. Новата Speed Twin 900 серија доаѓа со уште повеќе комфорт и стил. Ова е една од нај-надградуваните серии на Triumph, но ајде да видиме зошто вие треба да ја одберете оваа серија!.

  1. 1. Автентичен Triumph Дизајн

    Speed Twin серијата ја носи онаа препознатлива Triumph ДНК која светот ја запозна уште со оригиналниот Triumph bonneville од 1959 година, која беше репез за тоа како треба да изгледа еден мотор од оваа категорија. Истата оваа ДНК денеска е унапредена со напредни перформанси и карактеристики со цел да парираат на нејзиниот стил и карактер. Со препознатлив Triumph дизајн, звук и перформанси Speed Twin серијата мами погледи каде и да се појави.

    Автентичен Triumph Дизајн
  2. 2. Преубави луксузни детали и финиши

    Со неверојатно внимание на детали и квалитетни финиши новата Speed Twin серија го понудува оној британски „low-profile“ стил. За да е постигне тоа Triumph на новата серија додаде нови бои, нови тркала изработени од лиен алуминиум, ново рамно седиште како и алуминиумски држачи за светло.

  3. 3. Возбудливи Перформанси

    Новиот - водно ладен Bonneville 900cc мотор испорачува силен обртен момент и обезбедува потполно уживање. Моторот испорачува 80Nm обртен момент при 3,800rpm и 65PS максимална сила при 7,500rpm. Управуван од „ride-by-wire“ рачка за гас, лесно квачило кои во комбинација со ниското седиште даваа одлично чувство на контрола при возење а притоа овој мотор претрпи надоградување за да се постигне EURO 5 стандард со што овој мотор помага при одзжување на чиста околината.

    Возбудливи Перформанси
  4. 4. Комфорт и Безгрижни Патувања

    Новата генерација Speed Twin мотори се дизајнирани да ја задржат репутацијата на лесно и комфортно патување. Ова го постигнуваат благодарејки на седиштето дебело 10мм кое се обликува околу нозете за подобра ергономија што овозможува повеќе комфрот при долги патувања. Со максимална висина на седиштето од 765мм, тенок струк, високо квалитетна суспензија (41мм напред и традиционални дупли армортизери назад), новата Speed Twin серија е дизајнира да биде комотна и перформатна исто толку колку што е и возбудлива за гледање.

  5. 5. Модерна Технологија за Унапредување на Контролата и Сигурноста

    Наспроти автентичниот историски изглед на Speed Twin серијата се наоѓаат и технолошките гаџети од најнови генерации. Серијата е опремена со два мода на работе - Дожд и Патнички Мод - кои го променуваат дејствувањето на моторот како и на системот за пролизгување со еден клик на воланот. Водното ладење е тука со цел да го намали загадувањето и да обезбеди помала потрошувачка на гориво. Бројни други уреди како систем за пролизгување, ABS, лесното квачило, имобилизатор, USB порти се тука за моментите кога ви требаат. Серијата ја дополнуваат бројните опционални аксесоари како греачи на рачки, систем за мониторинг на притисок во пневматици. Накрај тука е сервисниот интервал од 16 000 километри или 2 години кој обезбедува повеќе авантури наспроти седење и чекање по сервиси.

  6. 6. Автентичен Британски Звук

    Со комплетно британски дво-цилиндарски звук, Speed Twin серијата нуди богат и топол звук во кој веднаш ќе се заљубите. Благодарејки на дизајнот моторот го крие својот катализатор под моторот од кој излегуваат двете финални издувни цефки од различни срани на моторот. Изработени од не-раѓосувачки челик и сместени во нагорна линија оваа е уште еден дизајнерски допир кој придонесува за стилот и елеганцијата на оваа серија.

    Автентичен Британски Звук
  7. 7. Спремен за Ваша Персонализација

    Никогаш досега во Triumph фамилијата не постоел мотор кој има повеќе дополнителни аксесоари на располагање. Со повеќе од 120 оригинални Triump дополнителни парчиња веруваме дека ќе пронајдете нешто со што ќе го направите вашиот Speed Twin подобар од другите. На располагање ви стојат разни елементи како багаж, сигурносни уреди и разни алуминиумски делови како за возачот така и за сопатникот. Секое парче е изработено и тестирано од страна на истите дизајнери и инжињери кои го сработија Speed Twin па така квалитетот и стилот не се на одмет.

  8. 8. Достапен и за А2 Возачка Лиценца

    Speed Twin серијата е достапна за секога, без разлика дали сте нов или искусен возач. Со опцијата за лимитирање на способностите на моторот оваа серија е лесно достапна за возачите со А2 возачка категорија и ќе им помогне на истите да ги достигнат своите цели и да стигнат до потполна моторциклистичка возачка дозвола, а кога ќе стигнат до таму лесно и со само едно патување до најблискиот Triumph центар истиот Speed Twin ќе си го врати својот целосен капацитет.

Speed Twin 900

Возбудливи перформанси и управување што инспирира самодоверба, сега со уште поголема удобност и стил Цени од: €10,690.00

Speed Twin 900
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА