TRIDENT 660

детали

  1. 1. Возбудлив Три-Цилиндарски Мотор со Одлични Перформанси

    Моќта и возбудливите перформанси на Trident 660 е неговиот мотор три цилиндричен Triumph мотор (660cc) кој нуди совршена рамнотежа на силен вртежен момент (очигледен од ниски до висοки револуции на моторот), кој достигнува врв на 67 Nm пр 8.000 вртежи во минута и возбудлива моќ што достигнува врвни 80 КС при 8.900 вртежи во минута. Брзата и прецизна трансмисија со 6 брзини е оптимизирана за забава и лесно возење, додека лесното квачило го намалува заморот, што овозможува да уживате во овој извонреден мотоцикл подолго.

    Возбудлив Три-Цилиндарски Мотор со Одлични Перформанси
  2. 2. Врвна Технологија како СТАНДАРД

    Мултифункционалниот TFT дисплеј во боја на Trident 660 ги обезбедуваат сите основни информации во компактен дизајн за лесна и брза интеракција додека возите. Дисплејот е специјално дизајниран за лесно поврзување со додатни опционални системи како „Turn-By-Turn“ навигација, контрола на GoPro, како и интеракција со телефонот и музиката преку прекинувачот на воланот. Новиот Trident 660 има најсовремената електроника како, модови за возење на пат (Road) и дожд (Rain), кои ги прилагодуваат мапите за гас и контрола на тракцијата на мотоциклот за максимална контрола на возачот, Ride-By-Wire систем за гас за попрецизно вбризгување на гориво, систем за пролизгување и најновата генерација на ABS на Triumph за дополнителна безбедност на возачот. Целосното LED осветлување произведува подобри перформанси за максимална безбедност на возачот. Новиот препознатлив 7-инчен LED фар е уникатно дизајниран за Trident 660, додека компактното и интегрирано задно светло е усогласено со обликот на задната опашка. Суптилните само-поништувачки LED трепкачи додаваат уште повеќе стил.

  3. 3. Флексибилен, Спортски мотор кој буди самодоверба

    Како и секој Triumph мотоцикл, Trident создава чувство на самодоверба при возењето благодарејки на лесното и неверојатно смирувачко управување и возбудливи перформанси. Со малата тежина на рачките, имате стабилен мотоцикл кој е лесен и забавен за возење, додека суспензијата и сопирачките со високи спецификации се совршено комбинирани со лесните спортски алуминиумски тркала од 17 инчи со цел да испорачаат максимално маневрирање. Веднаш штом ќе се качите на овој мотоцикл, ќе ја забележите опуштената ергономија на возење, бидејќи Trident 660 е дизајниран да биде вашето совршено секојдневно превозно средство. Удобното и практично двојно седло има пристапна висина од 805 mm, додека тесната ширина на моторот инспирира самодоверба при стоење, со лесен пристап до стапките и прилагодлива рачка за сопирање за дополнителна, подолготрајна удобност. Супериорниот сет комбиниран од суспензија, гуми и сопирачки на Trident 660 вклучува: суспензија Showa со високи спецификации (црна превртена вилушка со 120мм патување на тркалата и прилагодлив заден амортизер 133,5мм патување на тркалата), Michelin „Road 5“ пневматици кои обезбедуваат перформанси и самодоверба во влажни и суви услови и системот за сопирање Nissin (двојни дискови од 310 mm).

  4. 4. Одлична Вредност

    Технолошкиот стандард на највисоко ниво на Trident 660, суспензијата со високи спецификации, сопирачките и гумите, агилното и сигурно возење, возбудливите перформанси на трицилиндричниот мотор, уникатниот стил и многу конкурентната цена го прават совршен избор на мотоцикли од средна класа како и совршен влез во светот на Triumph. Сервисениот интервал од 16.000 km (или 12 месеци) исто така придонесува за неверојатно ниски трошоци за одржување.

  5. 5. Препознатлив Стил

    Вклучувајќи ја дизајнерската ДНК на Triumph со чисти динамични линии, ова е навистина неверојатен мотоцикл со препознатлива спортск, мускулеста силуета и карактер. Trident 660 е достапен во четири различни комбинации на бои: кристално бела или црна сафир, двете со контрастни налепници или две опции за двојна боја Matt Jet Black & Matt Silver Ice или Silver Ice & Diablo Red. Секој е дизајниран со карактеристики кои го истакнуваат препознатливиот изглед на Trident 660, вклучувајќи дизајн на резервоарот за гориво од 14 литри со извајани вдлабнатини на колената, црни тркала од лесна легура со пет краци и минималистичка опашка со држач за регистарски таблички и трепкачи. Контрастно обоени капачиња за радијатори, мостови за виљушка и штитници за пети, заострените алуминиумски рачки и ретровизори во форма на солзи, придонесуваат за извонредното ниво на завршница на овој мотор. Доколку се доближите до Trident 660 серијата ќе ги забележите многуте ситни детали како машинско изгравирани амблеми насекаде низ моторот.

  6. 6. Оригинални Аксесоари

    Можете дополнително да го персонализирате вашиот нов Trident 660 и да одберете некое дополнително парче од целосната палета на оригинални Triumph додатоци, развиени заедно со самиот мотор и подложни на истиот ригорозен процес за тестирање. Со преку 45 достапни додатоци, вклучително и новиот систем за поврзување My Triumph (за навигација, контрола на GoPro, телефон и музика) и додатоци кои нудат уште поголема удобност, заштита и стил, можете да го подобрите Trident 660 со неколку начини. Trident 660 може да биде опремен со опционален комплет за конверзија А2 кој ги ограничува перформансите на нивоа погодни за возачи со А2 лиценца. Ова вклучува специјална програма за моторот, ограничувајќи ја максималната моќност и максималниот вртежен момент. Овластена работилница на Triumph може да го врати мотоциклот со целосна моќност. Оригиналните додатоци на Triumph стандардно доаѓаат со двегодишна неограничена километарска гаранција.

Trident 660

Спортски настроен, воздудлив и лесно прилагодлив мотор со одличен стил и уште подобра цена - сето ова го поседува новата Trident 660 серија.

Trident 660