TIGER 1200 GT

Аксесоари

Конфигурирајте го вашиот мотор

Tiger 1200 серијата е изработена да ве однесе каде и да посакате. Бидете сигурни дека безразлика на изборот кој ќе го направите и како и да посакате да го конфигурирате вашиот мотор, Triumph дизајнерите веќе го изработиле тоа парче.

Багаж

Моторите кои се дизајнирани за авантури бараат и соодветен екстра издржлив багаж. Дизајнирани во колаборација со светски познатиот бренд Givi, алуминиумската „Expedition“ серија и синтетичко/алуминиумската серија „Trekker“ нудат екстра издржливи багаж кој може да собере се што ви е потребно за безгрижна авантура. Големината и конфигурацијата на багажот се дизајнирани според силуетата на Tiger серијата (33 литри на десната и 46 литри капацитет на левата страна) заради издувната цевка на десната страна. Централниот багаж исто така варира кога е прашање на големина, па така можете да конфигурирате по ваш вкус и барање ( најголемата величина има доволно место за две кациги ) како и можност за додавање на дополнителен луксуз во форма на потпирач за совозачот. На располагање ви се и повеќето бои како „Stealth Black“ и „Classic Silver“. Дополнителни внатрешни торби за складирање и сортирање се на располагање кои ќе ги чуваат вашите сопствености суви и заштитени.

  • Алуминиумски „Expedition“ Паниери
  • „Trekker“ Паниери
Tiger 1200 LuggageTiger 1200 Luggage

Заштита

Долгите денови поминати на моторот, уморните мускули и деконцентрацијата некогаш доведуваат и до некој несакан пад. Сите сме биле таму. За наша и ваша среќа додавањето дополнителна заштита на вашиот Tiger 1200 никогаш не е била полесна. Секое парче е дизајнирано да комбинира функционалност и стил, додавајки уште повеќе трајност на вашиот Tiger 1200 како и уште посуров изглед. Падовите никако не смеат да бидат крај на вашите авантури напротив само малку одстранување од вашата цел. Рамовите/штитници на моторот додаваат заштита за долниот дел и страничниот дел на моторот и можат да бидат вградени поединечно или најдобро - заедно. Изработени од нераѓосувачки челик со тубуларна шасија штитниците за моторот ќе го заштитат моторот од било каков пад. Секој модел од Tiger 1200 серијата има повисоко растојание помеќу најдолниот дел од моторот и земјиното тло што нуди уште повеќе „Off-Road“ авантури. Со цел да го заштитиме долниот дел од моторот од камења и било какви тврди предмети, дизајниравме алуминиумска заштитна плоча која не само што штити туку и со нејзината мала тежина не додава на вкупната тежина на моторот. Со најголема дебелина од 4мм на клучните места ова е еден аксесоар кој мора да го имате. Претходно спомнатите камења и остри предмети можат многу лесно да наштетат на вашите светла. Дизајнирани претежно за „Off-Road“ услови поликарбонатските штитници за светла се лесни за вградувае и иделна заштита од надворешните услови.

  • Заштитен Рам за Мотор
  • Заштита за картер (долен дел од мотор)
  • Заштита за Светло
Tiger 1200 SafetyTiger 1200 Safety

Технологија Фокусирана на Возачот

Без разлика на моделот, секој мотор од Tiger 1200 серијата е опремен со најновата технологија како стандард. Но на располагање ви се и додатни елементи доколку сакате уште повеќе да го подобрите нивото на технологија која вашиот мотор ќе ја поседува. За авантури во темните длабочини на природата тука е дополнителниот сет светла кои ќе ги осветлат дури и најтемните места кои ќе се најдат пред вас. Компактни и лесни и со одлична ширина и висина на светлосниот зрак овие светла се лесни за монтирање и демонтирање а се огромен чекор напред во осветлувањето на пат. Три-цилиндарскиот Triumph мотор е подкрепнат од одличен менувач кој како додаток го понудува „Shift Assist“ модулот кој обезбедува промена на степен на пренос без употреба на квачило. Тука е и (TPMS) „Tire Pressure Monitoring System“ систем кој одржува постојан мониторинг на притисокот на воздух во вашите пневматици. Овој систем ќе ви обезбеди посигурно возење и ќе ја одстрани потребата за преглед на вашиот мотор пред вашата авантура. Со цел да се обезбеди и позабавна авантура тука е и Sena системот за комуникација „rider-to-rider“ кој ќе овозможи непреќината комуникација ( макс. далечина до 1.9км ) помеѓу двајца или повеќе возачи од една група.

  • Дополнителен Сет Светла
  • „Shift Assist“
  • Мониторинг на Притисок во Пневматици
  • Sena 50S Систем за Комуникација
Tiger 1200 TechnologyTiger 1200 Technology

Комфорт

Возете подолго без разлика на временските услови. Tiger 1200 серијата уште од продукциката линија е една од најкомфортнине серии на мотори, но дополнително тука се и дополнителни аксесоари кои ќе додадат уште малку луксуз и комфорт додека возите и низ нај екстремните површини. Широката палета на седишта вклучува седишта со греачи, таканаречени ниски седишта (седишта кои се за некој милиметар пониско монтирани од нормалните со цел да овозможат одличен допир на пониските возачи со земјиното тло). Дополнителното мало ветробранско стакло се монтира на врвот на главното ветробранско стакло и го турка турбулентниот воздух подалеку од возачот и е идеален аксесоар за повисоките возачи. Со цел да се овозможи посигурна и полесна возачка позиција Tiger 1200 серијата на мотори е опремена со алуминиумски педали за нозе. Истите се доволно широки и изгравирани со цел да нема несакани лизгања на нозете.

  • Греачи на Седишта
  • Дифузер за Ветробранско Стакло
  • Алуминиумски Педали за Нозе
Tiger 1200 ComfortTiger 1200 Comfort

Tiger 1200 GT PRO

Најдобриот во класата, GT Pro ги носи технологијата, возењето и спецификациите за оваа серија на ново ниво. Сега доаѓа и со новиот Active Preload Reduction мод кој овозможува прилагодлива суспензија.

Tiger 1200 GT PRO

Tiger 1200 GT Explorer

GT Explorer има 30 литарски резервоар и ги поставува стандардите за транс-континентални авантури, притоа ги понудува најдобрите спецификации во оваа серија на мотори. Сега доаѓа и со новиот Active Preload Reduction мод кој овозможува прилагодлива суспензија.

Tiger 1200 GT Explorer

Tiger 1200 GT

Стартерот но никако не подценетиот мотор од Tiger 1200 GT серијата. Одличен чекор доколку сакате да навлезете во GT моторите од класата на мотори со голема зафатнина на моторот.

Tiger 1200 GT