![Logo](/_next/image?url=%2Fimages%2FtriumphLogo.png&w=1080&q=75)
Triumph фамилијата располага со пет мотори од Tiger 1200 серијата и истите се наменети и изработени со помислата дека сите возачи се разнолики и имаат свои преференци. Па така тука се GT, GT Pro и GT Explorer моделите кои се наменети на асфалтните подлоги наспроти „all-terrain“ моделите како Rally Pro и Rally Explorer кои се за наменети за ентузијасти и сите оние кои ушиваат во авантура надвор од стандардните патишта. Tiger 1200 GT серијата е наменета да биде репер за сите оние кои бараат авантуристички мотор од голема зафатнина на моторот а тоа го постигнуваме со големата доза на технологија, како „Blind Spot Radar“ - технологија која ви го чува грбот во секој момент, со големиот левел на комфорт и лесното управува и на крај силната моќност на три-цилиндарските Triumph мотори.
Уникатниот, лесниот, препознатлив (1160cc) три-цилиндричен мотор на Triumph располага со многу капацитет, карактер и перформанси. Долго-годишните тестови и процеси на развој доведоа до произведување на оптимален три-цилиндарски мотор, кој располага со оние препознатливи предности на дво-цилиндарските мотори на низок обртен момент и богатите перформанси на три-цилиндарските мотори на високи обртаи. Tiger 1200 серијата нуди богат обртен момент и контрола при низок обртај со прецизност и предвидливост при додвање на гаста. Во моментот кога додавате гас и се наоѓате во онов среден обсен на обртаите на моторот три-цилиндарскиот аспект на овој мотор доаѓа до израз и понудава експлозивност и високи перформанси кои растат се до моментот кога стрелката влегува во црвено. Максималната јачина на моторот е 150 PS, 9PS повеќе од неговиот претходник.
Со цел да оваа серија се доведе до идеално ниво на агилност, компактност и разноликост оваа серија мораше значително да ја намали својата вкупна тежина, но по цена да не се уништи нивота на комоција и самодоверба. Новиот 1160cc мотор, лесната тубуларна рамка и уникатното „Tri - Link“ раме парирано со суспензијата и сопирачките заштедија дури 25кг од вкупната тежина на моторот, што е 17кг помалку од вкупната тежина на нивниот претходник. На крај на се оваа Tiger серија понудува - врвен авантуристчки моторцикл со голема зафатнина на мотор кој е супериорно избалансиран, лесен за возење и нуди перфектни перформанси без никакво жртвување во поглед на комоција и леснотија за возење.
Најчесто авантурите кои најмногу се паметат се оние кои се нај-исцрпувачки и за моторот и за возачот. Секој мотор од Tiger серијата е наменет за уживање од првиот до последниот километар па така секој мотор доаѓа со 3-годишна гаранција без разлика на поминати километри која ви овозможува повеќе возење и уживање наместо загриженост. Сите тестови направени врз оваа серија се наменети за да оваа серија испорача ултимативно „off-road“ искуство и авантура. Секој можен елемент на Tiger 1200 серијата почнувајки од лесната рамка па се до најситните компоненти се дизајнирани за максимална цврстина на моторот, стабилсност како и комоцијата на возачот.
Истражување на неоткриените терени е сон за многуте возачи, аванатуристи. Доколку и вие имате авантуристички и истражувачки аспирации, тогаш Tiger 1200 Rally Pro & Explorer моделите се тука за вас. Карактеристичното високо растојание до земјиното тло како и големите „Off-Road“ тркала и „tubuless“ Metzeler Karoo пневматици (21“ напред & 18“ назад) како и опционалните Michelin Anakee Wild пневматици се тука за да ве охрабрат на уште поголема авантура. Доколку на сето ова ја додадеме и перфектната возачка позиција, мотор кој испорачува извонредна сила и Showa суспензијата вие добивате ултимативен авантурист специјализиран за екстремни подлоги. Доколку вашата идеална авантура најмногу се базира на асфалтните подлоги, но понекогаш сакате и да избегате од нив тогаш Tiger GT Pro & GT Explorer се тука за да ви обезбедат многу возбудливи и безбедни километри.
Tiger 1200 серијата е една од технолошко најнапредните серии на пазарот. Истата е наменета како асистент на возачот и овозможува подолга, покомфортна и најважното најбезбедна авантура. Двата „Explorer“ модели се опремени со иновативната „Blind Spot Radar“ системот кој бурно го следи дејствието зад вас и во опсегот на вашите така наречени слепи точки. Изработен е во соработка со Continental и нуди „Blind Spot Assis“ и „Lane Change Assist“. Новата Showa суспензија автоматски се прилагодува на теживата на возачот, во секој момент е активна и го прави возењето полесно и покомфротно и сето ова на притисок на копче и без никаков алат во рацете. На клик на копче се достапни и 6 возачки мода, систем за пролизгување, ABS и опции за подесување на суспензијата. Целосниот „KEYLESS“ систем обезбедува побрзи застанување за точење на гориво како и ви овозможува да не ги вадите вашите ракавици на секое паркирање. Греачите на рачките и греачите на седиште за возач и сопатник (само кај Explorer моделите) се тука за да се чувствувате комотно и нудат повеќе опции на греење. 7“ TFT full-color дисплеј, адаптивните LED светла, „Hill-Assist“, USB влезовите, системот за мониторинг на притисокот во гумите и квачилото кое ви асистира се уште некои од дополнителните технолошки гаџети кои ви овозможуваат безгржно и комфортно патување и луксуз (некои од опциите не доаѓаат како стандард кај сите Tiger 1200 модели).
Суровиот изглед, цврстата става и „Tiger“ карактерот се тука да го измамат секој поглед и да го направат секој Tiger 1200 модел центар на вниманието. Tiger серијата еволуираше во поглед на ергономијата на возачот, перформансите што овозможи посигурно возење, повеќе самодоверба без губење на познатата комоција и стил на Tiger серијата. Висината до земјинотот тло исто така беше унапредена и ја направи Tiger 1200 серијата „off-road“ специјалист, но и оддаде свој допринос на изгледот и стилот на моторот. Како за крај тука е LED осветлувањето со дополнителни LED дневни светла кои оддаваат свој допир кога е во прашање не само излгедот туку и фукнционалноста.
Стартерот но никако не подценетиот мотор од Tiger 1200 GT серијата. Одличен чекор доколку сакате да навлезете во GT моторите од класата на мотори со голема зафатнина на моторот.