![Logo](/_next/image?url=%2Fimages%2FtriumphLogo.png&w=1080&q=75)
Дополнително персонализирајте го вашиот Tiger 850 Sport со повеќе од 60 оригинални Triumph аксесоари кои додаваат уште повеќе стил и сигурност, комфорт и дополнително мамат погледи. Без разлика дали патувате низ урбаната џунгла или ќе тргнете на долга авантура со сигорност ќе најдете дополнителни аксесоари кои ќе ви го олеснат патувањето. Сите оригинални Triumph аксесоари се достапни во секое најблиско Triumph претставништо и чекаат вие да го нконфигурирате вашиот Triumph по ваш вкус.
Додадете 131 литри и 25кг дополнителен багаж со специјално дизајниран Trekker багаж. Овој сет куфери за багаж ќе ги чува вашите сопствености суви, заштитени и сигурни со помош на бравата на заклучување. Без разлика дали тоа ќе биде вашиот лап-топ, кацига или вреќа за спиење, лесните алуминиумски куфери се лесни за монтажа и де-монтажа и се практични и флексибилни за секојдневно користење. За уште повеќе сигурност и заштита тука е и „Expedition“ сетот кој има алуминиумска конструкција со дебелина од 1.5мм и полимерна зафтита на аглите, брава на заклучување и капацитет од 131 литар.
Tiger 850 Sport серијата е создадена да ги покори сите услови па дури и оние со температури под нулата. За возачот се грижат греачи на рачки и седиште за возачот и патникот на кој на располагање му е и специјална перница за поголема комоција.
Целосната серија е фокусирана на комодитет а затоа се грижат - ветробранското стакло и штитниците за дланк.
Стравот од падови не треба да е пречка за повеќе сатисфакција при возењето. На возачот мора му биде обезбедена комоција, сигурност и да биде мотивиран за повеќе авантура со додвање доза на возбуда. Затоа за ваше уживање и опуштеност тука се разните штитници за моторот, штитници за резервоар и радијатор, како и штитници за вилушки, раце и светло кои дополнително додаваат и екстра авантуристички карактер и стил.
Додајте ја оригиналната централна ногарка на Triumph која ќе го оптимизира вашето време додека паркирате. Алтернативно додадена е и оригинален тркачки сталак кој ви обезбедува дад заштедите на тежина и полесно паркирање во вашите гаражи.
Изработен за секој предизвик - со целиот можен карактер, перформанси и агилност на еден Tiger мотор, и силуета по која сите се вртат и адаптабилност за сечии потреби.