![Logo](/_next/image?url=%2Fimages%2FtriumphLogo.png&w=1080&q=75)
Новиот Tiger 850 Sport ќе биде ваш партнер во секојдневието, ќе додаде уште повеќе адреналин при вашите дневни патувања, ќе ви помогне да се изборите со урбаната џунгла, ќе ве наполни со самодоверба која ќе ве натера да се впуштите во викенд авантура или просто ќе ви озвозможи да уживате на сите патеки кои ќе му ги поставите. Со моќен три-цилиндричен и карактеристичниот „Triumph Tiger“ стил, ќе уживате во комфортот и флексибилноста која Tiger 850 Sport ја нуди.
Дизајниран да возбудува но и да инспирира самодоверба во вас, Tiger 850 Sport серијата ќе ве возбуди уште од првото палење на моторот но сепак ќе одржува едно високо ниво на самодоверба кај возачот. Без разлика дали е вашиот прв мотор или сте искусен возач, Tiger 850 Sport серијата е дизајнирана да ве размрда во секоја прилика.
Самодовербата е едно од најважните чувства за уживање во авантурата. Знаејќи дека високите перформанси на кочниците и суспензијата на Tiger 850 Sport серијата ви помагаат во секој момент, ваше е само да почнете да возите. Tiger 850 Sport е тука за вас и секогаш ќе ве држи сигурни. Со исправената возачка положба и лесната рамка и мотор, Tiger 850 Sport серијата оддава чувство на сигурност, агилност и самодоверба при возењето. Доколку ја додадеме и тенката силуета, одличната ергономија и прилагодливата висина на седлото со опсег од 20 mm, дополнително ќе ги подобрите вашето искуство и комоција при возењето. Tiger 850 Sport серијата се карактеризира со одлична агилност и управување во сите авантуристички сценарија на пат.
Triple 850 Sport серијата го носи карактеристичниот три-цилиндарски мотор на Triumph, специјално прилагоден за удобно возење во градски средини а сепак доволно експлозивен на патиштата. Се карактеризира со 1-3-2 редослед на запалување на цилиндрите и дава одлични перформанси при ниска апликација на гас и одлична прогресивна сила при додавање на гас. Со максимална моќност од 85PS при 8500rpm и максимален обртен момент од 82Nm при 6500rpm, новата Tiger 850 Sport серија е предвидлива но сепак спортко настроена.
Со оглед на индивидуалноста на возачите, Tiger 850 Sport доаѓа со повеќе опции за прилагодување на моторот со кои сигурно ќе ги постигнете посакуваните резулатати. Со можност за прилагодување на воланот, прилагодување на висината на седиштето како и прилагодливата Marzocchi суспензија ви гарантираме дека ќе ја пронајдете вашата идеална возачка позиција и ќе го прилагодите Tiger 850 Sport спрема вашите преференци. За дополнително да ви излеземе во пресрет на вашите побарување, на располагање ви се уште две различни бои како и повеќе од 60 оригинални Triumph аксесоари.
Важна е авантурата - не дестинацијата. Затоа Tiger 850 Sport серијата е спремна да му овозможи на возачот одличен комфорт додека трае неговата авантура. Опремен со Marzocchi 45mm inverted предна суспензија и задна суспензија со можност за подесување, квачило кое ви асистира, два модула на работа (Road & Rain) како и ABS систем на сопирачките, Tiger 850 Sport ќе ви овозможи комодитет и самодоверба на највисоко ниво.
Tiger 850 Sport серијата не е направена само за авантури. Напротив Tiger 850 Sport серијата е флексибилна и ќе додаде малку авантура и карактер и на вашите секојдневни возења. Со својот 20 литарски резервоар, ABS систем и систем за пролизгување, Tiger 850 Sport е спремен за секаква патека и авантура, без разлика дали ќе возите до работа или некаква поинтересна авантура. Со неговата лесна силуета, спортски карактер овој мотор е спремен да биде вашиот најверен партнер при вашите авантури.
Tiger 850 Sport серијата дефинитивно го има Tiger карактерот. Но исто така ја дели и неговата силуета и стил. Високата става, високото ветробранско стакло и рефинирана ергономија дава одличен комфорт при вашето возење. Со дополнителните аксесоари и бои Tiger 850 Sport серијата со сигурност ќе мами погледи.
Изработен за секој предизвик - со целиот можен карактер, перформанси и агилност на еден Tiger мотор, и силуета по која сите се вртат и адаптабилност за сечии потреби.