bonneville t120

Аксесоари

Иако сите ние ја имаме истата пасија за мотори, сите сме различни во поглед на стил и возачки амбиции. Со широка палета на Triumph аксесоари секогаш ќе најдете некое парче кое дополнително ќе го подобри вашето Triumph искуство. Без разлика дали барате багаж, елементи за надградба на суспензија или пак нешто што ќе го чува вашиот мотор сигурен, сигурни сме дека ќе најдете нешто што ќе го направи вашиот Bonneville само ваш. На располагање се 116 оригинални Triumph аксесоари.

Стил и Комфорт

Комфорт и искористливост се едни од особините на Bonneville, па затоа на располагање се уште неколку аксесоари кои ќе ја направат вашата авантура да биде подолга и незаморувачка. Ветробранско стакло кое се инсталира за минута и го заштитува возачот од силниот ветер на автопатот. Кожните куфери и торбата за резервоар комбинираат стил од шеесетите со модерна практичност. Со вкупен капацитет од 23.8 литри (13.8 странични куфери и 10 литаркса торба за резервоар.) ќе имате доволно простор за сите ваши потреби. Доколку сте ентузијаст кој сака да вози и во екстремни услови тука се греачите за рачките. Истите се инсталираат за момент и нивните функции се прикажуваат на мултифункционалниот дисплеј.

  • Ветробранско Стакло
  • Багаж
  • Греачи за Рачки
Bonneville T120 On The RoadBonneville T120 PaintJob

Заштитете ја вашата инвестиција

За да обезбедиме максимална сигурност не значи дека треба да го компромитираме стилот и карактерот на Bonneville T120. Алуминиумскиот долен поклопец на моторот е дизајниран за да биде издржлив но и да донесе малку стил со неговата сива или црна боја. Ова е одлична идеа како да го заштитите вашиот Bonneville од тврди предмети. Чиличните лајсни кои се тука за да го заштитат моторот воведуваат чувство на носталгија. Дизајнирани да се спојат со силуетите и стилот на Т120 и Т120 Black, ова парче додава стил но и заштита. За оние кои сакаат дискретност изработивме заштитни налепници изработени од тврд најлонски материјал кој го штити долниот дел на моторот.

  • Долен поклопен - алуминиум
  • Заштита за Мотор
  • Engine Protection Kit
  • Протектори на моторот - CNC гравирани
Bonneville T120 Luggage

Сигурност

Со цел да се заштитите од најлошото, ние во Triumph изработивме палета на сигурносни уреди и брави кои ќе го чуваат вашиот мотор сигурен. Таканаречената „Horseshoe Lock“ е брава која би ја користели низ градот. Истата стои помеѓу вбризгувачите на гориво и радалицата коа не е во употреба а кога ви е потребна таа е лесно достапна. Thatcham Approved Alarm сетот нуди екстремно ниво на сигурност и прегласна сирена. Дизајниран од сигурносни експерти во Datatool, овој уред одлично се вклопува со електрониката на моторите. Тешките Triumph ланци и катанци се тука за да го обезбедат вашиот мотор во вашата гаража или паркинг место.

  • Horseshoe Lock
  • Thatcham Approved Alarm
  • Ланци и Катанец
Bonneville T120 Head

Практичност

Практичноста е клучен елемент при дизајнирање на самата серија на мотори и аксесоари. Без разлика на причината заради која возите, Т120 серијата треба да биде оптимизирана според вас. Централната ногарка помага при сервисирање на задниот дел од моторот додека централниот багаж е фантастично место за складирање на вашите најпотребни предмети. Лесен за монтажа и демотажа и со лимит до 3 килограми овој цврст, водоотпорен куфер е идеален за чување на вашите предмети суви и сигурни..

  • Централна Ногарка
  • Централен Куфер

Bonneville T120

Оригиналната силуета и стил на легендардниот Bonneville - со луксузен и модерен финиш, унапредени перформанси и препознатлив Bonneville карактер.

Bonneville T120
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА