bonneville t120

Детали

Безразлика дали сакате да додадете малку динамика во секојдневниот живот или да отпатувате некаде, Bonneville Т120 серијата е тука да ве натера да возите подалеку од вашата дестинација. Легендарната ДНК, премиум и луксузни финиши и детали со модерни перформанси, оваа генерација Bonneville T120 е изработена за максимално возачко искуство.

  1. 1. Bonneville 1200cc мотор

    Најреспонзивниот Bonneville T120 досега. Редуцирањето на вкупната тежина доведе до одлична респонзивност и острина на Bonneville моторот. Со силен обртен момент овој мотор испорачува 105Nm при само 3,500rpm, со максимална јачина од 80 коњски сили при 6,500Rpm. Моторот е париран со најновата технологија на Ride-By-Wire ситем и нуди одлична комуникација помеѓу дланката на возачот и моторот, што значи дека нуди предвидливи перформанси при секој степен на пренос.

  2. 2. Контрола

    Препознатливото Triumph искуство сега стана уште подобро. Со намалување на вкупната тежина, Т120 серијата е уште полесна за контролирање и позабавна за возење. Вкупната тежина се намали благодарејки и на лесните 32 жични тркала кои ја прават оваа серија уште поагилна. Со дијаметар од 41мм предната суспензија има слободен пад од 120милиметри. Дуплата суспензија на задниот крај е одлична доколку патувате сами, со сопатник или пак носите багаж. Целокупно, суспензијата го дава оној препознатливо Triumph чувство на контрола врз моторот. За ваша сигурност и сопирање на моторот се грижат Brembo сопирачките (диск од 310 милиметри напред) со вграден ABS систем. На крајот за да се залепите за подлогата тука се Michelin Road Classiс пневматиците специјално изработени за Bonneville фамилијата.

    Контрола
  3. 3. Технологија

    Палета од технолошки направи го прави овој класичен мотор модерен и софистициран. На располагање се повеќе возачки модови, систем за пролизгување, темпомат, ABS систем и истите лесно се ракуваат со контроли на воланот кои се лесно достапни за палецот на возачот. Истите се одлично инкорпорирани во силуетата на Т120.

  4. 4. Практичност

    Опрема од висок стандард и врвните спецификации го прават овој Triumph мотор екстремно практичен. Комфортното седиште со висина од 790 милиметри и релаксираната возачка позиција, го претвараат секојдневното возење во момент за уживање. Лесното квачило е тука да ви помага при многуте промени на преносот а за дополнителна сигурност вграден е имобилизатор во клучот. Дополнителни елементи како централна ногарка, греачи на рачките, USB порта како и држачи за сопатникот го подобруваат Triumph искуството како за возачот така и за сопатникот

  5. 5. Стил и Луксуз

    Целата Т120 серија е изработена со неверојатно внимание на детали и луксузни финиши. Сјајните бои и хромирани делови јасно ги истакнуваат сите линии и детали на Т120 серијата. Темно кафеавото седиште и мат црн поклопец на моторот додаваат свој допир кон силуетата и излгедот на Т120 серијата. Финалниот допир го додаваат двете издувни цевки офарбани во црна боја. Кај Black моделот истакнати се темни и софистицирани бои кои даваат потполно смел изглед.

Bonneville T120

Оригиналната силуета и стил на легендардниот Bonneville - со луксузен и модерен финиш, унапредени перформанси и препознатлив Bonneville карактер.

Bonneville T120
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА