scrambler 900

Аксесоари

Со повеќе од 120 оригинални Triupmh аксесоари на располагање, Scrambler 900 серијата е спремна за персонализирање. Понудата се состои од аксесоари кои ќе го подобрат комфортот, сигурноста, заштитата, стилот и ќе додадат уште малку персонален допир на вашиот мотор. Кога е во прашање сигурноста од најлошото Triumph ви обезбедува и разни сигурносни уреди кои ќе ве остават спокојни секогаш.

Комфорт

За највисоко ниво на комфорт и стил тука е рамното седиште. Достапно во црна и кафеава боја, ова традиционално двојно Scrambler седиште се карактеризира со детални шевови и Triumph логоа како и специјално изработена порница за подобра распределба на тежината што оддава поголемо ниво на комфорт за подолги патувања.

Персонализација

Дополнително персонализрајте го вашиот Scrambler 900 со „Adjustable Levers“ сетот со кој ги заменувате стандардните полуги за кочници и квачило. Овој сет е CNC изграваран од алуминиум и доаѓа во две бои црна или црвена. Заедно со дополнителниот црн или сив волан оваа е одлична комбинација која мора да ја имате на вашиот Scrambler 900. Друга опција е „Fender Kit“ кој ги одстранува стандардните браници, додава екстра стил на држачите за регистарски таблички и нуди опција за монтирање на мултифункционалниот заден комплет LED светла и LED трепкачи.

Суспензија

За да добиете уште помоќен off-road карактер на располагање ви стои и FOX задната суспензија која лесно се подесува кон вашите преференци. Ова парче е специјално изработено за Scrambler 900 серијата и се вградува за помалку од 30 минути. Fox сетот нуди 24 опции за подесување на задната суспензија.

Off-Road опрема

Бидејки Scrambler 900 серијата е наменета и за off-road авантури, тука се и неколкуте специјализирани off-road парчиња, како - штитник за мотор кој ги држи понастрана несканите тврди предмети од моторот и додава off-road изглед Централната ногарка е тука за кога ви е потребно брзо и лесно паркирање како и повеќе опции за багаж.

Scrambler 900

Пропознатлив стил и off-road карактер со одлични перфоманси и можности за уште поголема off-road забава.

Scrambler 900
IconКонтакт
IconКОНФИГУРАЦИЈА