![Logo](/_next/image?url=%2Fimages%2FtriumphLogo.png&w=1080&q=75)
Препознатлив Scrambler дизајн, возбудливи Bonneville перформанси, технологија и одлично управување - оваа Scrambler серија нуди мореден scrambler карактер со off-road перформанси, луксузни финиши и помлаку загадување.
Како дел од автентичната Bonneville фамилија, Scrambler серијата се карактеризира со автентична Scrambler силуета со чисти и прецизни линии и минимално користење на пластични елементи. Истата екнорпорира модерни финиши за уште повеќе стил и детали. На располагање се три различни бои - Jett Black, Urban Grey & Matt Khaki/Matt Ironston. Секој финиш располага со алуминиумски парчиња и ласерски гравирани Triumph логоа насекаде по каросеријата.
Bonneville моторот од 900cc произведува возбудлива сила и одличен обртен момент (65 PS @ 7,250 rpm & 80 Nm @ 3,250 rpm) и истите ги пренесува во предвидливи манири. Овој мотор е водно ладен и е почист, поекономичен и EURO 5 компитабилен. Истиот го испорачува оној препознатлив Bonnbeville британски звук.
Светски реномираните Brembo сопирачки оддаваат одлично чувство при сопирање и будат чувство на самодоверба кај возачот. Одличната суспензија се карактеризира со висока предна вилушка со традиционални гумени заштитни ракави додека задната суспензија е составена од темно сивкаст амортизер кој овозможува еластичност до 120мм на задниот дел на моторот со што обезбедува комфортно патување.
Одличната ергономија на Scrambler 900 серијата нуди одлична контрола врз моторот. Изработена е специјална рамка со алуминиумски волан и средно поставени педали за носе. Комбинирана со одличната суспензија и големиот дијаметар на предното тркало (19 инчи), нуди командна возачка позиција за која ја подобрува агилноста на моторот. Scrambler 900 серијата е извонредно комфортна и агилна при градските средини, на отворени патишта и на off-road патеки.
А2 сетот нуди моѓност вашиот Scrambler да го возите со А2 лиценца односно ги намалува перформансите на моторот и го прави достапен и за возачите - почетници. Сетот може многу лесно да биде вграден и осдтранет во секој Triumph центар. Две годишната (16.000км ) гаранција е тука за да возите спокојно.
Технологија од најновата генерација е тука за да го оптимизира вашето возачко искуство. Одберете помеѓу трите возачки мода - (Road, Dain & Off-Road) со притискање на команди на волан и возете безгрижно бидејки овие модови ги оптимизираат перформансите на моторот. ABS и системот за пролизгување ќе ви дадат дополнителна доза на самодоверба и во нивни раце ќе се чувствувате безбедно.
Како завршен детал на силиетата на Scrambler 900 серијата се наоѓаат тркалата од 19 инчи напред и 17 инчи назад кои носат Metzeler Tourance dual-use пневматици кои даваат одлично ниво на тракција на патиштата и надвор од нив.
Со повеќе од 120 оригинални Triupmh аксесоари на располагање, Scrambler 900 серијата е спремна за персонализирање. Понудата се состои од аксесоари кои ќе го подобрат комфортот, сигурноста, заштитата, стилот и ќе додадат уште маллку персонален допир на вашиот мотор. Кога е во прашање сигурноста од најлошото Triumph ви обезбедува и разни сигурносни уреди кои ќе ве остават спокојни секогаш.
Пропознатлив стил и off-road карактер со одлични перфоманси и можности за уште поголема off-road забава.